(ФОТО) Трка на Дедо Мразовци во Германија
Локалниот тркачки клуб секоја година го организира трчањето на Дедо мразовци во Михендорф. Михендорф се наоѓа во германската покраина Бранденбург во близина на Потсдам и има само 14.000 жители. Сепак, ограничувањето од точно 999 тркачи се чини неопходно – и тие мора да бидат во костими. Правилата се строги: секој што нема да носи барем црвен капут и капа ќе биде дисквалификуван! Барем не мора да носи чизми… (DW)