(ФОТО+ВИДЕО) Уапсен жител на Прилепско што се снимал како пука со огнено оружје
При претресот на домот на уапсениот биле пронајдени три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот, соопштија од МВР
Принтскрин од видеото на кое лицето пука со пушка
На видеото кое првично е објавено на Фејсбук, а кое и МВР го објави во прилог на соопштението за случајот, се гледа како маж првин испукува неколку куршуми во воздух од пушка, а потоа и од пиштол.
Во врска со случајот, како што информираат од Министерството, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп заедно со нивни колеги од Секторот за внатрешни работи СВР Битола вчера извршиле претрес во домот на 51-годишниот Џ.Ќ. во селото Црнилиште, каде пронашле неколку парчиња оружје, што тој ги поседувал со дозвола.
„При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот“,се наведува во соопштението на МВР.






Пронајденото оружје, велат оттаму, е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност.
Покрај одземањето на оружјето, од Министерството за внатрешни работи велат дека ќе следи постапка за одземање на дозволата за поседување на оружје на лицето.
„Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот“се додава во соопштението