ФОТО: Во скопската зоолошка градина се роди редок вид на лемур

Денеска во скопската зоолошка градина се роди бебе лемур.

„Неделна радост во Скопје ЗОО – имаме бебе лемур. Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2.200-2.400 лемури. Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот“, објави скопската зоолошка градина на Фејсбук.

Минатата година, велат од Зоолошката градина, се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.

„Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид. Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“, велат надлежните од ЗОО.

Back to top button
Close