ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има 47 000 гласа, а СДСМ има 16 000 по пребројани 16,18% од избирачите

ВМРО-ДПМНЕ има предност од три наспрема еден пред СДСМ според првичните неофицијални резултати кои ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница. Низ бројки, на пребројани 16,18% од избирачите, односно 21,17% од избирачките места, најголемата опозициска партија има добиено 47 196 гласа, додека нивниот главен опонент, СДСМ, досега има 15 908 гласа.

 

Според резултатите, извесно е дека првичните резултати на ДИК претежно потекнуваат од деловите на земјата со мешана етничка структура. Еве дел од гласовите кои ги добиле партиите:

 

ВМРО-ДПМНЕ – 47 196Ч;

СДСМ – 15 908;

ДУИ (Европски фронт) – 33 284;

ВЛЕН – 27 792;

Левица – 7 228;

ЗНАМ – 5 164

Back to top button
Close