Кои се новите органи во Лекарска комора?
Лекарска комора ја информираше јавноста дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател и д-р Идриз Орана за заменик-претседател на оваа професионална организација на сите доктори по медицина во земјата.

На седницата беа избрани и тројца потпретседатели д-р Биљана Петковска Огњанова – потпретседател за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска – потпретседател за секундарно здравство и и д-р Ристо Тодоров – потпретседател за терцијарно здравство.
Од Комората велат дека „со изборот на проф. д-р Јанкуловски, за претседател, Лекарската комора добива раководител со долгогодишно академско, менаџерско и клиничко искуство, кој својата кариера ја посвети на развојот на македонското здравство, високото образование и унапредувањето на дигнитетот на лекарската професија“.
„Голема чест и уште поголема одговорност е да се биде на чело на Лекарската комора. Мојот фокус ќе биде насочен кон заштита и унапредување на правата и статусот на сите лекари во нашата земја, унапредување на транспарентноста во работењето на Комората и дигитализација на процесите, активно вклучување на Комората во носењето за законските решенија од областа на здравство и преку нови функционални решенија да придонесеме за креирање на подобри услови за работа на докторите и лекување на пациентите “, изјави проф. д-р Јанкуловски.
Проф. д-р Никола Јанкуловски е истакнат суп специјалист по абдоминална хирургија, долгогодишен редовен професор на Катедрата за хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, во два мандати декан на Медицинскиот факултет во Скопје и во два мандата ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје






