(Фото ) Возилата во поголем број вечерва на бензиските станици пред полноќното покачување на цената на горивата

Утрешното сериозно покачување на цената на горивата, особено дизелот, ги натера возачите уште вечерва да ги наполнат резервоарите. На повеќето бензиски станици во Скопје е забележена раздвиженост и поголема бројка на возила дојдени за да наточат гориво. “Фокус“ регистрираше поголемо присуство на една од нив во скопската населба Кисела Вода.






