Фотографија на годината на УНИЦЕФ

Под темните облаци на војната, петгодишната Алина во придружба на своите другарки учи да вози велосипед на ливада на северозападот на Украина – момент на безгрижност во време на ужас.

Претходната ноќ руски дрон го запалил магацинот за нафта. На оваа фотографија полскиот фотограф Патрик Јарач има фатено „многу трогателна сцена со еден многу впечатлив контраст“, изјави на доделувањето на наградата УНИЦЕФ-фотографија на годината покровителката на УНИЦЕФ, Елке Биденбендер, сопруга на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

На меѓународниот натпревар УНИЦЕФ Германија еднаш годишно прикажува фотографии и фоторепортажи кои на посебен начин ги документираат личноста и животните услови на децата.

(dw)

Back to top button
Close