Фотографија од Палестинка која го прегрнува телото на својата убиена внука ја освои наградата на „World Press Photo“

Фотографија на Палестинка која држи тело на девојче убиено во израелски напад во разурнатиот Појас Газа, ја освои годинашната награда на „World Press Photo“, пренесе Бета.

Наградата ја доби  фотографот на Ројтерс, Мохамед Салем, за фотографијата направена во мртовечницата на болницата „Насер“, во Кан Јунис, на 17 октомври 2023 година.

На фотографијата Инас Абу Мамар го држи телото на својата петгодишна внука Сали, која почина заедно со нејзината мајка и сестра. Телото на девојката, кое го држи во прегратките на 36-годишна жена, е завиткано во бела ткаенина.

Салем, 39-годишен Палестинец, работи за Ројтерс од 2003 година. Тој ја освои истата награда и  во 2010 година. Жири комисијата соопшти дека неговата победничка фотографија во 2024 година била „составена со грижа и почит, обезбедувајќи метафоричен и буквален увид во незамисливо загуба”.

Почувствував дека фотографијата го сумира она што се случува во Појасот Газа, рече Салем кога фотографијата за првпат беше објавена во ноември. „Луѓето беа збунети, трчаа од едно место до друго, нетрпеливи да ја дознаат судбината на своите најблиски, а таа жена ми го привлече окото држејќи го телото на мало девојче кое не сакаше да го пушти“, рече тој.

Жирито ја избра победничката фотографија меѓу 61.062 фотографии од 3.851 фотограф од 130 земји.

Back to top button
Close