Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во работна посета на АВМУ

– Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска оствари работна средба со делегација на амбасадата на Република Франција, предводена од амбасадорот Сирил Бомгартнер.

Од АВМУ соопштија дека фокус на средбата била можноста за зголемување на бројот на француски телевизии кои се реемитуваат преку кабелските оператори.

-Ваквиот чекор, како што оценија двете страни, ќе придонесе за дополнително приближување меѓу двете култури, размена на вредности, како и поголема достапност на содржини кои би придонеле за полесно изучување и усовршување на францускиот јазик, соопшти АВМУ.

Back to top button
Close