Фудбал У-21: Убедлив пораз од Летонија на македонската репрезентација


Македонската фудбалска репрезентација бедо 21 година попладнево забележа пораз 0:3 од соодветната селекција на Летонија на контролниот дуел одигран во Белек, Турција.

Двоен стрелец беше Кристофер Рекис, а еден погодок беше дело на Артјомс Пузиревскис.

– Нашите млади фудбалери во првиот дел имаа посед на топка,напаѓаа, но немаа одговор на добро поставената одбрана на Летонија. Противникот се бранеше одлично во текот на сите 90 минути и максимално успеа да ги искористи нашите грешки во одбраната. Имавме неколку добри закани кон голот на противникот, но без реализација. Лука Станковски во првото полувреме ја имаше најдобрата прилика за Македонија, во вториот дел се закани и Берат Калкан по голот на Летонија, информира ФФМ.

Селекторот Драган Канатларовски овој натпревар го почна со: Иван Николоски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Мартин Талаков, Иван Николов, Хамза Рамани, Берат Калкан, Лука Станковски, Марио Илиевски.

Back to top button
Close