Фудбалерките на Каменица САСА наградени од локалната самоуправа

 Актуелниот македонски фудбалски шампион во женска конкуренција ЖФК Каменица САСА, денеска, доби признание од локалните власти за особен развој на Македонска Каменица.

Пригодната Плакета за „успешна и долгогодишна соработка и особен придонес во развојот на Македонска Каменица“ на клупскиот претседател Зоран Златковски му ја врачи градоначалничката Соња Стаменкова.

Каменица САСА минатата сезона ја освои домашната титула и на почетокот на овој месец настапи во квалификациите за Лигата на шампиони, а клубот од Македонска Каменица со неколку странски засилувања со шампионски амбиции го пречекува стартот и на новата сезона во домашното првенство.

Back to top button
Close