Фудбалерките на Љуботен против австриски Сент Полтен во Лигата на шампиони

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Љуботен ќе игра против Сент Полтен од Австрија на стартот од квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Вкупно 42 екипи се поделени во 15. квалификациски групи, а пласман во 2. квалификациско коло ќе обезбедат само првопласираните.

Македонскиот првак, кој е дебитант во Лигата на шампиони и има најнизок рејтинг, е во групата 9 во која полуфиналните двојки на 18 август се Сент Полтен – Љуботен и бугарски Локомотив Стара Загора против Динамо БСУПЦ од Белорусија.

Финалните натпревари се на програмата на 21 август.

Back to top button
Close