Фудбалерот на Борнмут, Траоре, заразен со маларија

Фудбалерот од средниот ред на премиерлигашот Борнмут, Хамед Траоре, е хоспитализиран, откако се заразил со маларија и ќе го пропушти претстојниот Куп на африканските нации (ЦАН), објави тренерот на англискиот клуб.

„Сега излезе од болница и тука е со нас, но од спортска страна, ќе биде отсутен некое време“, информираше тренерот на Борнмут, Андони Ираола околу состојбата на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.

Ираола додаде дека Траоре во периодот кој следи мора да изврши бројни лекарски прегледи.

„Лекарите мораат да проверат дали се работи како што треба, дали неговото тело реагира како што треба, но ќе отсуствува неколку месеци“, изјави стратегот на Борнмут.

Купот на африканските нации е на програмата од 13 јануари до 11 февруари.

Back to top button
Close