Фудбалските натпревари ќе се играат од 13 часот поради полицискиот час

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) воведе измени во терминот на одигрување на фудбалските натпревари поради новите епидемиолошки мерки поврзани со коронавирусот.

Натпреварите во Првата македонска фудбалска лига, двете второлигашки групи Исток и Запад, како и мечевите од Македонскиот куп ќе се играат со почеток од 13 часот.

– Комисијата за натпревари на ФФМ поради засилувањето на антиковид-мерките од страна на владата и воведување на полициски час на територијата на цела држава со почеток од 20:00 до 05:00 часот наутро одлучи сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р. Македонија да започнуваат од 13 часот, соопшти ФФМ.

Back to top button
Close