ГАЛЕРИЈА: Даниел Креjг во необично издание во рекламната кампања на „Луеве“

Даниел Креjг е ѕвездата на новата кампања на шпанскиот моден бренд „Луеве“ (Loewe), а поради неговиот малку поинаков изглед на многумина им беше непрепознатлив.

Во повеќе различни стилови, поранешниот Џејмс Бонд ја претставува есен-зима колекцијата на брендот за 2024 година. Кампањата е снимена од Дејвид Симс на намерно обична бела позадина, при што сценографите ги отстраниле „реквизитите и уметноста“ за да се сосредоточи на темата и субјектите, за да се види „кои се тие и како сакаат да бидат перцепирани“, се наведува.

Крејг тука има подолга коса, а лицето му го покриваат шишки. А, една од комбинациите што ги носи вклучува џемпер со шарен натпис, фармерки со широк црн појас и чанта на грбот…

За многумина сосем очекувано, оваа „разиграна и шарена“ рекламна кампања на „Луеве“ со Даниел Крејг има поголем број споделувања на интернет-просторот. Околу коментарите, има и пофалби за глумецот и опуштеното издание, но имаше и негативни коментари – дека овој стил воопшто не му одговара.

Back to top button
Close