ГАЛЕРИЈА: Еко-патрола врши надзор и дежурства на дваесетина локации каде што непрописно се одлага отпад

Еко-патролата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, известуваат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Како што информираат од претпријатието, Еко-патролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

-Воедно, во рамките на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 180 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Крсте Асенов“ и „Методија Митевски“ во општината Чаир, на улицата „Алија Авдовиќ“ во општината Гази Баба, како и во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк, се вели во соопштението.

Back to top button
Close