ГАЛЕРИЈА: Холи – фестивалот на боите во Индија
Милиони Индиjци, дома и во странство, неделава го славеа Холи, познат како фестивал на боите. Фестивалот го слави почетокот на пролетта и победата на доброто над злото. Одржан на последниот ден на полна месечина од лунарниот месец, луѓето за време на фестивалот ги мачкаат своите пријатели и семејство во разни бои и нудат молитви.
Холи е заснован на хинду легендата за Холика, женски демон, кој се обидува да го убие својот внук Прахлад затоа што го обожава хинду богот Вишну. Но, Прахлад за чудо го преживува пожарот дури и кога самата Холика е проголтана од пламенот.
Како дел од свеченостите, вечерта пред Холи се палат огнови со верување дека ќе го уништат лошото за да може доброто да триумфира.
Во село во близина на Гандинагар, главниот град на државата Гуџарат, во неделата вечерта беше запален огромен оган во кој беа искористени 200 тони дрва.Луѓето танцуваат и пеат и одржуваат гозби. Холи е државен празник и училиштата се затворени додека децата и возрасните го посветуваат денот на шарени прослави. Децата си играат со водени пиштоли, прскајќи вода со боја еден врз друг. Прослави се одржуваат и во соседната земја Непал.
Фотографии: BBC