(ГАЛЕРИЈА) Меланија Трамп се врати: Диор костум од 3000 евра, нови заби и сосема поинакво однесување

Меланија Трамп се врати! И како што многумина велат – никогаш не изгледала посреќно. Облечена во црвен костум од модната куќа Кристијан Диор, делуваше расположена и возбудена.

Меланија веќе го носеше овој комплет во 2017 година кога беше во официјална посета на Франција”Тоа не е ништо ново – тоа е само повторување. Но, таа го сака тој костум. Има убава облека и некои изданија кои може да ги повтори”, изјави нејзиниот стилист Ерве Пјер.

Носеше потпетици од Christian Louboutin, кои станаа нејзин заштитен знак. Покрај совршената линија, овојпат покажа и нова насмевка – исклучително бели заби, за кои многумина сметаат дека се нови фурнири.

Исончаниот тен и свежите прамени на нејзината долга коса оставаат впечаток на вистинска калифорнијка.

Додека Трамп се обраќаше на публиката, Меланија се насмевнувапе повеќе од вообичаено, овој пат го држеше за рака својот сопруг и го гледаше со љубов.

Со оглед на тоа што нивната врска со години делуваше како дистанцирана и студена се чини дека обидот на атентат на Трамп ги сменил нештата.

Back to top button
Close