ГАЛЕРИЈА: Муралите на Солун

Уличната уметност во Солун почна да се развива и стекна популарност по „15-то Биенале на млади артисти“ на кое градот му беше домаќин во 2011 година.

Денес, Солун има колекција од неколку импресивни улични уметнички мурали кои станаа составен дел од градот. Тие се дело на локални и меѓународни уметници и го променија урбаниот пејзаж на Солун на начин кој не може да помине незабележан.

Погледнете дел од муралите и графитите кои раскажуваат приказна за една жива современа култура, уметност и дух на градот, кои најчесто, во шопинг турите помеѓу строгиот центар, Икеа и Космос, потполно ги игнорираме.

Back to top button
Close