ГАЛЕРИЈА: На денешен ден е роден Леонардо да Винчи
Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден Леонардо да Винчи, познат италијански сликар, скулптор, архитект, пронаоѓач, научник и мислител. Тој е еден од најзначајните умови на ренесансата, соединувајќи го средновековното енциклопедиско знаење со егзактниот модерен метод на забележување.
Тој насликал релативно мал број слики од кои најпознати се „Богородица во пештера“, „Света Ана“, „Тајната вечера“ и „Мона Лиза“, слика поради која станал медиумски јунак на модерното време.
Да Винчи многу се интересирал за природните науки – физиката, астрономијата и хемијата.
Умрел во дворецот Кло кај Амбус, во Франција, на 2 мај 1519 година.