ГАЛЕРИЈА: Најуспешните маски од овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро насред село и палење на маските во центарот на Вевчани, вчера попладне заврши овогодинашното издание на Вевчанскиот карневал.

Според преданијата, василичарите симболично го избркаа злото и со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар.

Вевчанскиот карневал комбинира традиции кои се делумно пагански и слични до одликите на карневалите насекаде, и традиции кои се трансформирале под влијанието на христијанството.

Задолжителни елементи на карневалот се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупави Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Фото: Либертас

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close