(ГАЛЕРИЈА) Рама објави фотографии од велигденска поворка во Корча

Албанскиот премиер Еди Рама сподели фотографии од велигденската процесија на Епитафот во градот Корча, по повод одбележувањето на Велики петок.

Објавата е придружена со кратка порака и симболика поврзана со празникот.

„Korçë🪺⛪️ Procesioni i Epitafit #Pashkë2026 🤍“, напиша Еди Рама.

Процесијата на Епитафот е дел од традиционалните православни обичаи за Велики петок, кога верниците со поворки го одбележуваат Христовото страдање, во пресрет на Велигден.

Back to top button
Close