(ГАЛЕРИЈА) СЕ УРНА МОСТ, ИМА МРТВИ И НАТРУПАНИ АВТОМОБИЛИ. Родос го зафати силно невреме, во тек е евакуација! Прекинат железничкиот сообраќај во Грција
По обилните дождови што ги донесе невремето „Бора“, на Родос беа поплавени куќи, деловни објекти и патишта, поради што властите беа принудени привремено да ја забранат употребата на возила на тој грчки остров, објави денеска Ројтерс.
Две лица загинаа во поплавите на островот Лимнос.
Противпожарната служба на Родос примила повеќе од 650 повици да испумпува вода од поплавените згради, поради поплавите се евакуирани 80 лица, а засега нема информации за повредени.
Се гледаат автомобили натрупани по поплавените улици во населбите низ Родос, најпогодениот град Јалисос. Локалните медиуми јавуваат дека мал мост се урнал на Родос
Портпаролот на противпожарната бригада на Родос, Василис Вартакоџанис за грчката телевизија Скај изјави дека лошото време ќе продолжи и во понеделник.
– Условите се различни во последните години, имаме ненадејни врнежи и ненадејни поплави – рече Вартакоџанис.