ГАЛЕРИЈА: Спектакуларен собир на светската асамблеа во Обединетите нации во Њујорк
Денес се отвори Самитот за одржлив развој во Обединетите нации во Њујорк, каде претседателот Стево Пендаровски одржа говор, а во исто време министерот за надворешни работи, Бујар Османи потпиша Меморандум за воспоставување дипломатски односи со Јужна Африка.
Годинешното Генерално собрание на Обединетите нации е рекордно по број на учесници (рекордот го постави Бразил со 540 члена делегација; а од Белата куќа во Њујорк доаѓаат 4.000 дипломати и службеници) а има 4 самита (за одржлив развој, за здравје, подготовка на самитот за иднината, и за екологија).
Претседателот Пендаровски говори на Саемот за одржлив развој и на Генералната дебата при отворање на Генералното Собрание на 22 -ри Септември, а ќе оствари средба и со и Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Зборува и на Советот за безбедност за прашањето на Украина (каде ќе се обратат и претседателот на САД, Џо Бајден, на украинскиот претседател Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров).
На Советот за безбедност настапува и Османи како претседавач на ОБСЕ.
Претседателот Пендаровски има серија билатерални средби и средби со дијаспората, а министерот за надворешни 12 билатерални средби (за ОБСЕ, приеми и работни состаноци).
Самитот за одржлив развој и Самитот за екологија целосно ги покрива потпреседателот на владата Фатмир Битиќи.
На Самитот за здравство присутна е делегација од Министерството за здравство Добро е што конечно политиката на Македонија и нејзините политички елити разбираат од каква важност е нивното присуство и дипломатска размена во средиштата на светската мултилатерала а посебно Њујорк за промоција на политиките на мала земја каква е Македонија .