(ВИДЕО +ГАЛЕРИЈА) Стоп за труењето: Граѓаните утрово го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла…
Како што претходно најавија организаторите на протестот, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и пради пожарите на други локации, како оној во Трубарево.
Иако огнот на депонијата во моментов е изгаснат и има обезбеден 24-часовен надзор, граѓаните порачуваат дека тоа не е доволно и бараат трајно системско решение. Според нив, само целосна санација и модерно управување со отпадот може да стави крај на деценискиот проблем.
„Не сакаме само привремено гаснење на огнот. Бараме Вардариште конечно да престане да биде закана по здравјето и животот на луѓето“, велат демонстрантите.
Тие предупредуваат дека вакви блокади ќе има секој ден сè додека надлежните институции не понудат конкретни чекори и рокови за затворање и трајно решавање на депонијата.