ГАЛЕРИЈА: Убедливо најексцентричната аристократка – бугарската принцеза Калина
Инаку, Калина е бугарска принцеза, петто дете и единствена ќерка на последниот бугарски крал (1943-1946) и премиер ( 2001-2005 ) на Бугарија Симеон II и кралицата Маргарита.Официјалната и монархиска титула е „Нејзиното царско височество Калина, принцеза на Бугарија и војвотка од Саксонија“.
Откако татко и заминал во егзил, принцезата Калина се родила далеку од својата татковина, но се враќа во неа во посебни моменти.
Кога ќе ги погледнете фотографиите од свадбите и погребите на членовите на европските кралски семејства, голема е веројатноста токму таа да ви го привлече вниманието. Секогаш елегантна, но не според правилата на Кејт Мидлтон и другите познати принцези, Калина е естравагантна, креативна, возбудлива, различна и секогаш уникатна.
Која е принцезата на која не и е грижа што ќе каже светот?
Бугарската принцеза Калина е родена на 19 јануари 1972 година во Мадрид, како петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита?
По ненадејната смрт на таткото на Симеон, кралот Борис III од Саксобурготска и кралицата Џована од Савој, Симеон стана нов крал во 1943 година – во средината на Втората светска војна. Со оглед на тоа што во тоа време бил сè уште малолетник, кралските должности ги извршувал тричлениот вицекрал, но веќе следната година бил извршен државен удар и комунистите ја презела власта веќе следниот ден . Меѓутоа, Симеон II никогаш не абдицирал, ниту се откажал од државјанството, па и денес е познат како – бугарскиот крал.
Неговото семејство најпрво се засолнило во Каиро, каде што дипломирал на „Викторијас колеџ“, а потоа бугарските кралски членови добиле азил во Шпанија.
Симеон таму студирал право и деловна администрација и започнал деловна кариера, а по падот на комунизмот се вратил во родната Бугарија и го основал Националното движење за стабилизација и напредок во 2001 година. Со него победи на изборите и стана премиер на Бугарија, а тој е единствениот поранешен крал на една држава кој и се врати на чело и по укинувањето на монархијата. На таа позиција остана четири години, а во 2005 година повторно влезе во Собранието како дел од пошироката коалиција Во раните шеесетти години се оженил со Маргарита Гомез-Асебо и Кехуела, припадничка на шпанската аристократија со која потоа ги добива синовите Кардамос, Кирил, Кубрат и Константин и ќерката Калина.
Таа не се појавува често во јавноста, па не се знае многу за нејзиниот живот. Како што е познато, таа завршила престижни училишта во Шпанија, а течно зборува шпански, француски, англиски, германски и италијански јазик, додека помалку го користи бугарскиот.
Калина важи за многу неконвенционален член на кралско семејство и често избира необичен и малку ексцентричен стил, како за облеката и косата, така и за шминката Таа гордо истакнува дека е вегетаријанка крстена во католичка црква, а има многу интереси, меѓу кои се модата, уметноста и реставрацијата на стар мебел.
22 години е во брак со Антонио Хое Муњоз и Валкарсел.
Сопругот на принцезата е 14 години постар од неа, што, како што вели, никогаш не било пречка за нивната љубов, а иако се венчале во Римокатоличката црква во Царска Бистрица, Антонио и Калина го добиле и благословот на православната црква.
Од 2015 година, принцезата Калина живее со семејството во Мароко, во прекрасниот Рабат и претпочита да не се експонира премногу.