ГАЛЕРИЈА: Започна Венецискиот карневал

Венецискиот карневал, познат низ светот по прекрасните екстравагантни костуми и маски, започна во саботата (27 јануари), а ќе трае до 13 февруари. Годинаешната тема на фестивалот е „Кон Ориентот: неверојатното патување на Марко Поло“.

Организаторите на карневалот повикаа на „фантастично патување“ по стапките на венецијанскиот истражувач Марко Поло (1254-1324), по повод 700-годишнината од неговата смрт.

Луѓе од целиот свет доаѓаат на фестивалот за да ги покажат своите костими и да учествуваат во различни настани и активности.

Идејата за популарниот фестивал е родена во Венеција, во 1162 година, по воената победа на Венециската Република над дуждот од Аквилеја, Улрико ди Тревен.

Во чест на оваа победа, народот почнал да игра, да се радува и да се собира на прекрасниот плоштадот Сан Марко.

Карневалот бил многу познат во текот на 18. век. Меѓутоа, под власта на владетелот на Светото Римско Царство, а подоцна и царот на Австрија, Франц II, бил целосно забранет во 1797 година и употребата на маски станала строго забранета.

Карневалот повторно се појавувал постепено во 19. век, но само за кратки периоди и, пред сè, како приватна забава.

Откако долго време беше заборавен, градската општина го оживеа во 1979 година. Оттогаш, приближно 3 милиони посетители секоја година доаѓаат во Венеција за карневалот.

Еден од најважните настани е натпреварот за „la maschera più bella“ („најубавата маска“), која се оценува од меѓународни модни дизајнери.

Марта Стевковска

Back to top button
Close