Галетановски поднесе кандидатура за директор на ЗОО Скопје: негова визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на зоолошката од политички влијанија

Ѓорѓи Галетановски, поранешниот директор на ЗОО Скопје, кој си замина од функцијата во периодот кога на чело на градот дојде Данела Арсовска, и во чиј мандат градината забележа неверојатен развој и успешно менаџирање, денес поднесе документи за кандидатура за директор на ЗОО Скопје.

Веста ја потврдил за ,,Фокус”, појаснувајќи дека ги поднел документите по распишаниот оглас на Град Скопје, за нов директор на Зоолошката градина.

-Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на Град Скопје за директор на ЗОО Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве, но најмногу поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир, благосостојба и услови достојни за нив.

….

Додава дека негова визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО Скопје од политички влијанија.

 

Повеќе

Back to top button
Close