Галибаф: Израел прекрши три клучни точки од мировниот предлог

Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Галибаф, вечерва изјави дека три клучни клаузули од мировниот предлог во десет точки се веќе прекршени пред почетокот на преговорите.

Галибаф преку социјалната мрежа „Икс“ појасни дека прекршувањата вклучуваат непочитување на прекинот на огнот во Иран, навлегување на дрон во иранскиот воздушен простор и негирање на правото на Техеран да збогатува ураниум.

Според него, во ваква ситуација, одржувањето на двострано примирје или започнувањето преговори се чинат неразумни.

Back to top button
Close