„Гардијан“ го избра Левандовски за фудбалер на годината 

Фудбалерот на годината во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски, го доби признанието за најдобар играч во 2020 година и во традиционалната анкета на британскиот весник „Гардијан“.

Зад полскиот напаѓач од редовите на европскиот првак Баерн Минхен се најдоа капитенот на Барселона, Лионел Меси, и Кристијано Роналдо од Јувентус.

Во топ десет во изборот на „Гардијан“ се и Кевин Де Брујн (Манчестер сити), Садио Мане (Ливерпул), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул), Нејмар (ПСЖ) и Вирџил Ван Дајк (Ливерпул)

Back to top button
Close