„Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица
Лекари во Велика Британија го објавија раѓањето на осум здрави бебиња, по спроведувањето на револуционерна процедура со којашто се создаваат ембриони преку ин-витро оплодување со ДНК од три лица. Целта, инаку, е да се спречи децата да наследат неизлечиви генетски нарушувања, пишува „Гардијан“.
При оплодувањето, генетскиот материјал од мајката и таткото е префрлен во здрава јајце-клетка од донор, за да се намали опасноста од појава на животозагрозувачки болести.
Сите мајки кои се согласиле на процедурата, имале висок ризик од пренесување опасни болести на плодот, поради мутации во нивните митохондрии