Гасперини: Можев да бидам побогат во Премиер лигата, но помалку среќен

 

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини ја прослави победата број 200 во Серија А, откако неговиот тим вчера го совлада Каљари со 2:1. Гасперини изјави дека е среќен во Бергамо.

– Се надевам дека ќе успеам да извојувам уште многу победи, бидејќи не паметам ниту една лесна. Среќен сум во Италија, во Бергамо, начинот на живот е од големо значење. Понекогаш размислувам за Премиер лигата и понудите што ги добивам. Можев да одам во Англија и да бидам побогат, но помалку среќен. Јас не живеам само на теренот, изјави Гасперини.

Под негово водство Аталанта бележи одлични резултати последните години и постојано е при врвот на табелата и со изборено учество во евро-куповите

Back to top button
Close