Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека очекува Владата на Гвинеја утре да прогласи крај на епидемијата на ебола.
– Благодарејќи на лекциите кои ги научивме од епидемијата, благодарејќи на новите средства, вклучувајќи ги и вакцините, Гвинеја успеа да ја сузбие епидемијата за само четири месеци и да спречи ширење на еболата во соседните земји, истакна Гебрејесус.
Тој на прес-конференција додаде дека околу 11.000 луѓе се вакцинирани против ебола.