Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш

Гутереш на Генералното собрание на ОН ќе се заложи за општо помирување во светот до крајот на годината - МИА

Генералното собрание на ОН го именуваше денеска актуелниот генерален секретар на светската организација Антонио Гутереш за втор петтогодишен мандат.

Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година.

Советот за безбедност на ОН на 8 јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција, со што му препорача на Генералното собрание, кое има 193 членови, да го именува за уште пет години. 

Back to top button
Close