Герасимовски: Мораме сите заеднички да го кренеме гласот против булингот кај младите

Врсничкото насилство е проблем на целото општество, особено кај младите и мора сите заеднички – институциите, родителите, наставниците и младите да го кренат гласот и да се запре булингот, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На настанот „Крени глас против врсничко насилство“, организиран во Градскиот парк како дел од кампањата на „Макпетрол“ за подигнување на јавната свест за булингот, Герасимовски истакнал дека во основните училишта во Центар се воведени дискусии за врсничко насилство и ментално здравје.

-Децата и младите треба да растат во безбедна и поддржувачка средина. Во основните училишта во Центар воведовме дискусии за врсничко насилство и ментално здравје, кои ќе им помогнат полесно да ги препознаат знаците на насилство и да ги пријават, изјави Герасимовски, соопштуваат од Општина Центар.

Тој истакнал дека емпатијата е клучна во борбата против насилството и дека младите, кога ќе се поддржат меѓусебно, ќе создадат посилно и пообединето општество.

Back to top button
Close