Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници

Градоначалникот Горан Герасимовски очекува иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините.

-Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. По доставувањето на иницијативата од страна на ЗЕЛС до Владата очекувам ресорните министерства да предложат измени на законите што ќе се донесат по брза постапка во Собранието. Вандализмот е проблем кој мора сите ние заеднички, меѓуинституционално да го решаваме. Еве повторно, гледаме вандализам во центарот на градот, кај „Жена парк – Борец“ кадешто се скршени и откорнати клупи со расфрлан отпад. Ова мора да го стопираме, вели Герасимовски.

 

Како што информираат од Општина Центар, нивната иницијатива била едногласно прифатена на последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС и со неа се предвидува да се направат измени на постоечките законски решенија како Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени, сметаат од Општина Центар, ќе донесат позитивни резултати.

Како што велат од Општината, во многу европски земји како Велика Британија, Луксембург, Шведска, мерката за општокорисна работа на малолетници кои вандализираат се покажала ефикасна за ресоцијализација на младите, едукација за вредностите како одговорност и почитување на јавните простори

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close