Герасимовски: Спортски центар, нови игралишта, пензионерски катчиња, зеленило на Кале, Ибни Пајко и Стара чаршија

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот ,,Маалски муабети со Горан”, се сретна со граѓани во Старата скопска чаршија, Ибни Пајко и Кале.

Во овој дел на Центар, центарци живеат во слога и Македонци и Албанци и Турци и Роми, православни и муслимани. Се заблагодарија што општина Центар во овој дел го направи најубавиот парк игралиште за деца каде што може да играат, спортуваат и да другаруваат.

Побараа нови детски катчиња, места за дружба на пензионерите, како и нови зелени површини, но и грижа за музејот на нашата легенда Есма Реџепова кој е запуштен.

„Се согласувам целосно куќата на почитуваната Есма е во катастрофална состојба. Ние како општина ќе направиме се ќе пратиме и дописи до соодветните институции кои што имаат надлежност на самата куќа на Есма. Спортските и детските игралишта како општина правиме се за да ги имаме што побрзо и оној детски жагор кој што го имаме на Кале да се врати на овие детски и спортски игралишта.Заедно со жителите ќе го движиме развојот кон зачувување на автентичноста и создавање на инклузивен простор погоден за сите жители”, рече Герасимовски.

Герасимовски се заложи за враќање на стариот сјај на Калето и ги информираше дека во крајна фаза е изработка на Детален урбанистички план со кој е предвидена изградба на цел комплекс кој ќе биде спортски центар.

„Очекувам дека Владата ќе има слух да ги возобнови терените.Ние како општина правиме сѐ да го вратиме духот на спортот во овој дел на Центар, на Калето, за да се врати младоста, за да се вратат спортистите”, рече Герасимовски.

Занаетчиите бараат да се задржи традицијата, во Скопската чаршија, да остане стариот лик на чаршијата и да не се менува ништо. Чаршијата живее, секојдневно има врвулица од туристи и добронамерници.

Жителите на Пајко Маало бараат да не се урбанизира премногу овој дел на Скопје, бидејќи сега куќите по кое беше препознатливо маалото се претворени во згради.

Градоначалникот Герасимовски вети дека заедно со жителите ќе го движи развојот кон зачувување на автентичноста и создавање на инклузивен простор кој ќе биде убаво и посакувано место за сите жители.

Back to top button
Close