Германија ќе го поддржи Чеферин за нов мандат

 Германската фудбалска федерација објави денеска дека на изборниот конгрес на УЕФА ќе гласа за нов мандат за актуелниот претседател, Словенецот Александар Чеферин.

Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 5 април 2023 година во Лисабон, а земјите членки на УЕФА имаат време до 5 јануари да предлагаат кандидати.

– Александар Чеферин се истакна во улогата на претседател и сигурно го водеше европскиот фудбал низ кризата со многу предизвици, како што е пандемијата на Ковид-19, изјави претседателот на Германската федерација, Бернд Нојдорф.

Тој, исто така, го поздрави и пристапот кон проектот европска Суперлига, на чие формирање Чеферин жестоко се спротивстави.

– Имаме целосно доверба во неговата работа и во него како личност, додаде првиот човек на германскиот фудбал.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, доаѓајќи на местото на Французинот Мишел Платини, кој, во меѓувреме, се соочи со судски процес по обвиненија за финансиски малверзации поврзани со пари од ФИФА

Back to top button
Close