Германија го намали данокот, Холанѓаните сега таму полнат горива

Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива.
Така, бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат.

Сега, бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар. Тоа и понатаму не е малку, но Германците имаат и поголеми плати, па некако ќе преживеат.

Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивните граѓани отидоа до Германија по гориво и наводно ги наполниле резервоарите, но го превезуваат и во канистри. Поради тоа стануваат опасност во сообраќајот, односно во случај на судар се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.

Back to top button
Close