Германија го засилува присуството во Северниот Атлантик

Германија го засилува поморското присуство во Северниот Атлантик за да ги растовари своите сојузници, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Сингапур.

Бидејќи Обединетото Кралство го прераспоредува својот разурнувач „HMS Dragon“ во Медитеранот, германската фрегата „Sachsen“ ќе биде распоредена како предводник на постојаната оперативна група на НАТО, додаде Писториус.

Германскиот функционер рече дека за ова разговарал со својот британски колега, Џон Хили.

Дополнително, германската морнарица ќе испрати уште една фрегата, „Brandenburg“, во Северниот Атлантик.

Ова се смета за одговор на руските воени активности во регионот, иако не се соопштени официјални детали, пренесе ДПА.

Обединетото Кралство го распореди „HMS Dragon“ во источниот Медитеран поради ситуацијата во екот на израелско-американската војна против Иран. По нападот со дрон врз британската база на Кипар, Обединетото Кралство и Франција го засилија своето присуство во регионот.

Back to top button
Close