Германија вети 2.700 противвоздушни ракети за Украина, испорачала само 500

На почетокот на март, федералната влада на Германија вети дека ќе испрати 2.700 противвоздушни ракети „Стрела“ во Украина. Истражувањето на WELT AM SONNTAG покажува дека досега, три недели оттогаш , биле испорачани само  500 од нив. Примопредавањето се случило  дури во четвртокот навечер.

Очигледно, Украина добила само дел од ветените противвоздушни ракети „Стрела“. Според кругови на украинската влада, не се планирани дополнителни испораки на ова оружје.

На прашањето зошто, германското Министерство за одбрана  само потврдило дека испораки биле извршени во Украина. Портпаролката на министерството истакнала дека каква било дополнителна  испорака на оружје ќе биде извршена само по одобрение од Федералниот совет за безбедност. Според WELT AM SONNTAG, информациите за испораките на оружје за Украина се класифицирани како „строго доверливи“.

Познато е дека кај околу 700 ракети „Стрела“ од стари залихи се утврдиле  оштетувања поради староста. Бундесверот го повлече оружениот систем пред неколку години.

Германски буџет за одбрана за 2021 година изнесуваше  57,5 ​​милијарди долари.

 

 

Back to top button
Close