Германија воведува целосна забрана за активности поврзани со „Хамас“

Германија воведе забрана за активности поврзани со палестинското движење Хамас, кое во земјата е прогласено за терористичка организација, како и активности поврзани со пропалестинската група Самидоун, соопшти денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Денеска стапува во сила забраната за активности поврзани со терористичката група Хамас, чија цел е да го уништи Израел“, се вели во соопштението на Фезер.

Во текстот се прецизира дека е забранета и германскиот огранок на  „Самидоун“. Според Фезер, меѓународната мрежа работи под маската на група за солидарност на затвореници за да шири антиизраелска и антисемитска пропаганда.

„Самидоун“ стоеше зад акцијата спроведена на 7 октомври, кога група луѓе делеа пецива на улица во Берлин во знак на прослава за нападот на Хамас врз Израел.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close