Германскa министерка ја повика Србија да се усогласи со надворешната политика на ЕУ
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2022/10/vucic-lirman.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со германската министерка за европски прашања и климатски прашања, Ана Лирман, со која разговараше за дијалогот меѓу Белград и Приштина, европските интеграции, енергетската криза и климатските промени, јави дописникот на МИА од Белград.
-Претседателот Вучиќ посочи дека Србија е посветена на дијалогот како начин за решавање на сите отворени прашања, без загрозување на нејзините државни и национални интереси, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.
Зборувајќи за енергетската и климатската криза, Вучиќ рече дека Србија во иднина ќе инвестира повеќе во обновливи извори на енергија, „по примерот на бројни германски компании во Србија, кои инвестираа многу во соларни панели, со цел на заштеда и произведство на електрична енергија за свои потреби”.
Министерката Лирман ја повика Србија да се усогласи со надворешната политика и визниот режим на Европската унија, се наведува во соопштението.