Германска полиција: Нападот траел три минути

Полицијата соопшти повеќе детали за тоа како се одвивал нападот. Првата пријава е примена вчера во 19:02 часот по локално време. Отпрвин се мислеше дека се работи за несреќа.

Напаѓачот мирно возел покрај масата луѓе пред да сврти десно кон градското собрание. Во тој момент забрзал и продолжил да вози низ божиќниот пазар. Потоа сврте лево кон главната улица. Тој повторно се свртел и продолжил да вози кон железничката станица пред да биде запрен од полицијата на раскрсницата.

Сето тоа се случило во рок од три минути, а се чини дека дејствувал сам

Back to top button
Close