Германски епидемиолог: Омикрон ќе го забрза крајот на пандемијата

Лекарите во Јужна Африка тврдат дека новиот сој на корона вирус, омикрон предизвикува благи симптоми, како главоболка и умор и дека досега не довело до ниту една хоспитализација или смрт.

Германскиот стручњак, професорот Карл Лаутербах, епидемилог и кандидат за иден министер за здравство истакна дека овој вид на сој може да биде прав божиќен подарок, кој најверојатно ќе го забрза крајот на пандемијата.

Тој вели дека огромниот број на мутации, дури 32 може да значи дека заразата е многу помалку смртоносна, слично како што се развиваат повеќето респираторни вируси.

Повеќето научници веќе долго време објаснуваат дека корона вирусот никогаш нема скроз да биде искоренет, туку со тек на време ќе помине во поблаг вирус, сличен на настинка.

Back to top button
Close