Германски регулатор казни производители на алуминиум поради договарање цени

Германската федерална канцеларија за картели соопшти дека изрекла казни од 175 милиони евра за неколку производители на алуминиум кои договарале цени. Челниците на неколку леарници за алуминиум се состанувале веќе неколку години за да договораат повисоки цени, се вели во соопштението.

– Тие разговарале за клучните елементи на цените и попустите, рече директорот на канцеларијата на картелот, Андреас Мундт.

Истрагата е иницирана по сведочењето на клучен производител на кој не му била изречена парична казна. Најважните клиенти на леарниците вклучуваат компании од германската автомобилска индустрија, се вели во соопштението на канцеларијата.

Одлуката сè уште не е конечна и топилниците можат да поднесат жалба, јави ДПА.

Back to top button
Close