Гибралтар последен противник на Македонските фудбалери во јунскиот сегмент од Лигата на нации

epa09454183 Gibraltar’s Reece Styche scores the 1-3 during the FIFA World Cup 2022 qualifier soccer match between Norway and Gibraltar at Ullevaal Stadium in Oslo, Norway, 07 September 2022. EPA-EFE/LISE ASERUD NORWAY OUT

 

Со натпреварот против Гибралтар закажан за вечер од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунски дел од Лигата на Нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски играат во четвртата група Ц-цегмент. По поразот од Грузија пред три дена, ова ќе биде убава можност „рисовите“ да се вратат на победите.

Средбата со Гибралтар на гостински терен на 5 јуни Македонците ја добија со 2:0.

По три кола македонскиот национален тим има четири бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има максимални девет бода. Бугарија е трета со два, Гибралтар е последен со еден освоен бод.

Back to top button
Close