Гир: ЕК е загрижена дека дел од измените на КЗ носат ризик на намалување на неказнивоста

Европската комисија ја изрази својата загриженост дека некои од измените кои беа направени на Кривичниот законик носат ризик на намалување на неказнивоста.

Ова во одговор на новинарско прашање денеска го изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во врска со измените на Кривичниот законик во земјава.

– Мислам дека ова прашање веќе беше одговорено од страна на претставниците од Брисел, истакна Гир.

Тој додаде дека Европската комисија пред неколку дена веќе даде неколку забелешки во врска со ова прашање.

Нагласи дека ЕК повторно изрази загриженост во врска со употребата на Европското знаменце, за да може да се запази усвојување на некој закон.

– Европската комисија потсети на важноста на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, всушност кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин – нагласи Гир

Back to top button
Close