Гислејн Максвел прогласена за виновна за помагање на Епштајн во сексуална злоупотреба  

Британката Гислејн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епштајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор“.

Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, од кои некои имале само 14 години, во текот на 90-те и раните 2000-ти во луксузните куќи на Епштајн во Флорида, Њујорк и Ново Мексико.

Поротата расправаше цели пет дена пред да ја прогласи Максвел за виновна за пет од шест точки во обвинението. Епштајн, изврши самоубиство пред почетокот на судењето во 2019 година. За време на судењето, обвинителите повикаа 24 сведоци за да и опишат на поротата како изгледал животот во куќите на Епштајн.

Прикажани се и банкарски податоци од кои може да се види дека Епштајн уплатил 30,7 милиони долари на сметката на Максвел, која со години му била пријателка, извесно време девојка, а подоцна работела за него.

Сепак, во центарот на обвинението беше сведочењето на четири жени кои рекоа дека како многу млади биле жртви на Максвел и Епштајн. Судењата во кои се вклучени Епштајн и Максвел се уште не се завршени. На Максвел треба да и се суди по две точки од обвинението за лажно сведочење.

Back to top button
Close