Главниот сон на Путин е завршен, сега ја менува стратегијата, вели американска експертка

Елизабет Броу, постојана соработничка во Институтот Американ Ентерпрајз, за Скај Њуз анализираше колку е значајно за Украина повторно да ги заземе клучните области околу Киев.

„Чувството е дека работите почнуваат да се свртуваат во корист на Украина, во однос не само на отпорот, туку и на повторното заземање на градовите“, рече таа.

Сепак, таа предупредува дека не можеме да претпоставиме дека тоа е „патот до победата“ на Украина. Ако Украина сака да ја добие војната, ќе помине уште едно „долго време“ пред тоа, вели таа.

Брау вели дека сега изгледа многу малку веројатно Русија да успее да ја замени украинската влада откако не успеа да изврши целосен напад врз Киев.

„Мислам дека тој сон е завршен“, вели таа.

Владимир Путин сепак ќе мора да „ѝ продаде нешто на руската јавност“, така што Брау вели дека стратегијата на рускиот претседател сега ќе биде да ја окупира источна Украина и да го прекине пристапот до морињата на земјата

 

 

Back to top button
Close